Работно време / Opening hours: 9:00 - 17:00.

Три креативни документарни филмови во Музеј на современата уметност со МакеДокс

Три креативни документарни филмови во Музеј на современата уметност со МакеДокс

18.00 ч.
БАГЕРИ-ТОНИ СТРАСТ
Швајцарија/2011/12′ 30”
Режија: Корина Швингрубер

За оваа работа треба да имаш гориво дизел или хидраулично масло во крвта, инаку не можеш да ја работиш. Прашина во очите, бука во ушите и страст во срцето. Таква е работата на копачите со багери што работат на уривање на нештата. Како багеристите што работат на уривање на нештата стануваат балерини и зашто големината е важна…

Трејлер: Багери – тони страст

БАБИЧКИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА
Словенија/Македонија/Куба/Холандија/2006/96′

Режија: Петра Селишкар

Интимистички документарец кој што го истражува влијанието на идеологијата врз нејзината семејна историја, како и врз онаа на нејзиниот животен сопатник и близок соработник Бранд Ферро.

Трејлер: Бабички на револицијата

20.00 ч.

ИСТОРИЈА НА ГОТВЕЊЕТО
Словачка/Чешка/Австрија/Финска/2009/88′

Режија: Петер Керекеш

Црна комедија која раскажува документарна приказна за војната и храната. Една од пораките е: Уживај во војната! Мирот ќе биде ужасен! И ако ова веќе не сте го знаеле, другата порака е: Војната се добива со леб, а не со оружје. Во овој гурмански филм ќе видите голем број на унгарски кобасици кои што ги јаде руската армија, во каква храна уживал Јосип Броз Тито и куп друга гастрономска статистика за војничките специјалитети.

Трејлер: Историја на готвењето

Музеј на современа уметност

Елегантно вклопен во планот на централно Скопје во рамки на тврдината Кале – Музејот ќе доминира над градската панорама како средишен споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963.

Learn more