Соработка со релевантни институции

НУ Музеј современата современата уметност - Скопје преку активности кои ги организира и реализира Одделот за едукација со децении наназад успешно соработува со институциите од сите сфери на образованието, почнувајќи од предучилишна возраст, основно средно образование, факултети, потоа целна група возрасни, но и други целни групи.

Оделот за едукација во рамките на своите активности организира и реализира креативно – едукативни работилници, пришто учесниците имаат можност да се запознаат со делата од богатата колекција на НУ МСУ, како и со дела од актуелната македонска и светска уметничка сцена.

 

Практична работа и публикации

Креативно – едукативните работилници исто така им овозможуваат на учесниците да го збогатуваат а истовремено и самите да создават уметност. Во опушена атмосвера, инспирирана од уметничките дела кои ги опкружуваат, преку разговор, слушање музика, творат, поттикнувајќи ги и манифестирајќи ги својата креативност и талент. Темите кои се обработуваат може да бидат врзани за тековните изложби, со дела од постојаната поставка, но често учесниците во работилниците имаат и полна слобода во изборот на темата, при што ја потврдуваат довербата во сопствената имагинација, фантазија и креативност.

Процесот на работа се заокружува со изложба и каталог на делата кои се создадени во рамките на работилниците.

 

Етаблирање на македонските уметници

Одделот за едукација организира и предавања кои се поврзани со тековни изложби на уметници или пак за одредени ликовни техники. Предавањата ги држат реномирани македонски уметници.

Креативно-едукативните работилници се реализираат во текот на целата година преку проектите одобрени и финансирани од Министерството за култура, но и преку вонпрограмски проекти.

© MoCA / МСУ