Музејот на современата уметност е најкомпетентна и најзначајна институција во Република Македонија во откривањето, негувањето и ширењето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашето време.

Тој располага со драгоцена меѓународна колекција и дава репрезентативен увид во македонската современа уметност.

Покрај колекцијата, Музејот во своите простори организира и претставува врвни изложби и манифестации на македонската и странската уметност, разговори со уметници, трибини, филмски и видео проекциии, предавања и разни други придружни активности.

© MoCA / МСУ