Структура на музејот

Со музејот раководи директор, а во одделенијата има од еден до пет кустоси.


Одделение за збрики и депоа

Основната музејска активност е во ингеренции на Одделението за збирки и депоа. Работата на Одделението за збирки и депоа е насочено кон колекционирање, чување и презентирање на музејскиот материјал. Функционирањето на ова одделеније, но и на другите одделенија е еднакво важно во реализацијата на програмата на НУ Музеј на современата уметност.

Останати одделенија

Одделение за збирки и депоа | Одделение за истражување и документација | Одделение за едукација, стручно водење и развој | Одделение за музејско - стручна документација, библиотека и издаваштво | Одделението за конзервација и реставрација | Одделение за истражување и развој | Одделение за сликарство, скулптура, графика и цртеж | Одделение за архитектура и дизајн | Одделение за фотографија и дигитална уметност

Организациска поставеност

Работата на Одделението за збирки и депоа е насочено кон колекционирање, чување и презентирање на музејскиот материјал. Ова одделение има ингеренции да учествува во планирањето на откупите со цел систематски да се следи и обработува историјата на македонската ликовна и применета уметност, како и современата продукција во нејзините различни медиумски појави. Покрај тоа се бави со комплетно документирање и обработување на секој експонат и на био-библиографските податоци за индивидуалните уметници. Дел од колекцијата беше презентирана и надвор од земјата: Белград, Загреб, Сараево, Шамалијер... Дел од овој оддел се Марика Бочварова Плавевска – раководител; Ива Петрова Димовски - кустос; Благоја Варошанец – кустос за техничка реализација на изложби.
Ова одделение соработува со сите училишта и факултети, а не се заборавени ни децата од градинките. Во склоп на креативната игра се применува креативно творење и размислување во музејската зграда или во просториите на училиштата. Редовно се организираат предавања подготвени од страна на стручни лица или разговори со уметници наменети не само за учениците и студентите, туку и за пошироката публика. Предавањата се публикуваат во списанија или се издаваат книги. Друга форма на едукација е подготвување на изложби, најчесто со избор на експонати од колекцијата на Музејот, или пак се организираат изложби по повод изложби каде што децата го претставуваат она што го работеле како инспирација од некое од изложените дела. 1997. е снимен едукативен филм за Музејот со цел на еден едноставен и визуелно привлечен начин да се прикаже функционирањето и карактерот на работата на оваа институција. Во ова одделение работат Елизабета Јанковска – кустос советник; Виолета Савевска – кустос во едукација и еден Соработник за меѓународна соработка.
Ова одделение го сочинуваат Гордана Марковска – кустос; Тони Димовски – документарист и Тони Десковски – документатор техничар.
Одделението за конзервација, реставрација и дизајн, според своите можности врши помали конзерваторски интервенции врз оштетените дела. Бидејки сегментот заштита на движното културно наследство е една од примарните задачи на секој музеј, во иднина се предвидува набавување на соответна опрема за да може во целост да се обавуваат конзерваторските и реставраторските интервенции врз делата од современата ликовна уметност, не само што се во нашите збирки, туку и на делата од збирките на другите музеи и галерии во Македонија. Љупчо Уљоски – конзерватор и Борјана Божиновска – стручен соработник работат на заштита и одржување на делата во музејската колекција.
Центарот за документација при Музејот континуирано собира и обработува комплетна документација за животот и творештвото на македонските уметници. Основната дејност е насочена кон набавка, обработка, класификација, заштита и публикување на документациониот материјал што се однесува на современата македонска ликовна уметност. Се изработуваат досиеја за секој уметник, се подготвуваат библиографии, се обработуваат каталози, списанија и книги. Во библиотеката се наоѓаат околу 20.000 наслови. Таа се збогатува по пат на набавка на стручна литература (домашни и странски изданија), врши размена и дистрибуција на публикации на Музејот и соработува со други сродни библиотеки и музеи.
Дел од ова одделение е Мира Гаќина – виш кустос
Дел од одделението за фотографија и дигитална уметност е Зоран Петровски – кустос советник.

  • Лазе Трипков

  • Весна Дабеска

  • Јован Грданоски

  • Анжелика Апсис

  • Илиана Петрушевска

© MoCA / МСУ