Колекцијата на автори содржи два сегмента: меѓународен и национален.

Меѓународниот сегмент на колекцијата ја рефлектира модерната уметност од скоро сите делови на светот. Најголемиот дел од збирката ја одбележува уметноста на 1950-те, 1960-те и 1970-те години, иако во неа се содржани околу сто дела на раната модерна. Од најстарите експонати се издвојуваат оние на Емил Фила, Франтишек Музика, Фернан Леже, Андре Масон и др. Од особено значење се делата на познатите светски имиња како: Пабло Пикасо, Ханс Хартунг, Виктор Вазарели, Александeр Калдер, Пјер Сулаж, Хенрик Стажевски, Алберто Бури, Кристо, Енрико Бај, Роберт Јакобсен, Етјен Ажди, Золтан Кемени, Роберт Адамс, Емилио Ведова, Антони Клаве, Георг Базелиц...

Националната збирка на Музејот овозможува следење на развојот на ликовна уметност во Македонија со сите нејзини специфичности, почнувајќи од средината на ХХ век со појавата на првата генерација современи ликовни уметници-родоначалници на македонската модерна: Димитар Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски се до генерациите што се јавуваат по Втората светска војна: Димитар Кондовски, Ристо Лозаноски, Петар Мазев, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов,Танас Луловски, Јордан Грабулоски, Анета Светиева, Димитар Манев, Глигор Стефанов, Петре Николоски, Благоја Маневски, Јован Шумковски и др.

Подолу е прикажана листата на автори подредена по азбучен редослед.

© MoCA / МСУ