Поголемиот дел од издавачката продукција е резултат на печатење на каталози кои ги следат изложбените програми на Музејот. Бројните музејски изданија претставуваат единствено сведоштво за развојот на македонската модерна и современа уметност, како и за високиот степен на културната размена со светот во 40 години од своето постоење. Посебно место во оваа смисла, има континуираната серија монографии издадени по повод ретроспективните изложби на значајните авторски појави во македонската уметност.

Но освен изложбените каталози и монографии, од средината на 1990-те години МСУ започна со издавање на четири посебни едиции посветени на одделни подрачја на уметноста, како на пример едукативната едиција “Psyce”, филмската “Playtime”, онаа посветена на македонската критика и најпосле Досие МСУ во која се третира создавањето и историјата на Музејот.

Конечно, еден од издавачките подвизи на МСУ е и печатењето на Големото стакло, првото и единствено македонско списание посветено на визуелните уметности.

© MoCA / МСУ