Вашите настани во МСУ

Оригинални искуства во МСУ

Прекрасно вклопена во конфигурацијата на скопското Кале и опкружена со панорамата на градот, зградата на МСУ, подигната во 1970 година, е извонреден пример на архитектурата на доцниот модернизам и симбол на после земјотресната обнова на Скопје. Проектот за зградата е донација на полската Влада, којашто за таа цел распиша национален конкурс на кој беше прифатено заедничкото дело на полските архитекти Ј. Мокшински, Е. Вјежбицки и В. Клишевски.
Зафаќајќи вкупна површина од над 5.000 квадратни метри, зградата на МСУ ја сочинуваат три поврзани објекти во кои се распоредени салите за повремени изложби, просторот за постојаната поставка, салата за предавања, филмски и видео проекции со 120 седишта, библиотека и архива, администрацијата, конзерваторската работилница, депоата и други помошни служби, како и музејската продавница и кафетерија.

Големите парковски површини, кои овозможуваат инсталирање на разни скулпторски проекти, како и пространиот паркинг ја дополнуваат непосредната околина на Музејот на современа уметност.

Контакт информации

Доколку сте заинтересирани за соработка со МСУ Ве молиме испратете ни е-мејл info@msu.mk со назнака „Искуства во МСУ“ или контактирајте не на телефонскиот број  +389 (0)2 311 77 34

Услови за соработка

  • Вашиот правен субјект, организација да има стекнато реноме во Република Македонија или/и да биде препорачан од нашите досегашни соработници;
  • Правниот субјект, организација да постои одреден период;
  • Да биде потпишан договор за користење на одредениот простор на минимум 60 дена пред денот на настанот. 

 


Достапен прoстор

Сала за проекции

Салата за проекции е подобна за кино проекции, разни видови на мултимедијално презентирање, прес конференции, симпозиуми. На организаторот ќе му биде достапен проектор и платно за проекции од врвниот производител Christie, систем за озвучување. Неговата местоположба на приземјето нуди лесен пристап до кафулето на МСУ и влезниот хол.

Дворно плато

Со поглед на Водно - југозападниот дел од дворното место на МСУ ја нуди најимпресивната глетка на Скопје и околината. Од другата страна поглед во внатрешноста на музејските галерии. Овој оригинален простор е подобен за мали и средни концерти, модни ревии, приеми и тематски презентации.

Протоколарна сала

Протоколарната сала е првиот простор кој го посетувате при влегувањето во МСУ. Овој простор има непосреден пристап до кафулето на МСУ и е подобен за протоколарни приеми, изложби, церемонии за доделување награди и дружења.

Испрати коментар

© MoCA / МСУ