Сакаме да бидете дел од нашиот музеј, да ја искусите неговата убавина и затоа ви нудиме неколку начини да се вклучите со нас и да помогнете вo одржување и развој на музејот


Историја

За МСУ - Скопје

Идејата за формирање на ваков музеј возникнала по земјотресот во 1963 и големиот број на пристигнати уметнички дела, како солидарност од страна на меѓународните организации, музеи и поединци. Со цел да се сместат овие подароци, на 11 февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност. Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години, а во периодот од 1966 до 1970 г. бил изнајмен галериски простор за одржување на изложби. Поради зголемените потреби, во 1969 г., започнала изградбата на новата музејска зграда, којашто била свечено отворена на 13 ноември 1970 година.

Меѓу изложените дела, во музејот се претставени разни истакнати уметници на модернизмот и другите уметнички движења на XX век. Без разлика дали сте студент кој се стреми кон кариера во уметничкиот свет и социјална работа или бизнис лице кое сака да ја зачува и да се грижи за историјата - повелете и посетете не! Нема да останете рамнодушни.

Што велат нашите посетители

All Rights Reserved